петок, 22. октомври 2021. Вести денес: 201
home Вести

Димитриеска- Кочоска за владината економска политика: Го оданочија граѓанинот повеќе, за да се луксузираат уште повеќе

Димитриеска- Кочоска за владината економска политика: Го оданочија граѓанинот повеќе, за да се луксузираат уште повеќе

Го оданочија граѓанинот повеќе за да се луксузираат уште повеќе. Оваа Влада нема никаква економска визија, оти ако ја имаше нема да гледавме ваква структура во расходите, смета економската аналитичарка Гордана Димитриеска- Кочоска, откако деновиве Министерството за финансии ги објави податоците за реализација на буџетот заклучно со август 2019.

Димитриеска- Кочоска, изразува чудење како со вакви податоци министерката беше да шета 8 дена на почетокот од својата кариера во министерството.

-Имено приливите од данокот на личен доход кои се зголемени за околу 25 милиони евра повторно одат за покривање на стоки и услуги (непродуктивни трошоци). Во превод го оданочија граѓанинот повеќе за да се луксузираат уште повеќе. И понатаму расходите им растат со повисока стапка од приходите, односно буџетскиот дефицит расте. Во бројки буџетскиот дефицит во 2018 бил 37,5% а во 2019 51,01% ( од проектираниот за соодветната година), вели Димитриеска- Кочоска.

Таа додава дека овие зголемени трошоци се финансираат преку нови задолжувања, со што државниот долг се зголемува,а „обврската за нас и нашите деца расте“.

-Платените камати се повисоки во однос на минатата година што оди во прилог на претходно кажаното. Социјалните трансфери сигурно и стабилно растат а капиталните не се за анализа. Е сега интересно е што во рамки на социјалните трансфери се средствата префрлени на ПИОМ како најголема ставка. Заклучок: Оваа Влада нема никаква економска визија оти ако ја имаше нема да гледавме ваква структура во расходите. Незнам само зошто не се свесни дека мора да создаваат здрава економија, нови работни места зошто само така ќе ја намалуваат дупката во ПИОМ. Ама кај нас е најлесно удри по народот, зошто некој да седи и да работи кога сега е шансата да прошета. Често го слушав ова во минатото а гледам и понатаму продолжува. Епа шетајте вие, а работниците кои треба да се пензионираат следната година, живеат во страв дека ќе се пензионираат со уште помали пензии во однос на нивните колеги кои се пензионираат годинава, заклучува економската аналитичарка.

Локални избори 2021