четврток, 23. јуни 2022. Вести денес: 160
home Вести

Димитриеска Кочоска: Промени и во Свети Николе се случуваат, се гради противпожарна станица, а се и асфалтира голем потег од Бел Камен до Рудина

Димитриеска Кочоска: Промени и во Свети Николе се случуваат, се гради противпожарна станица, а се и асфалтира голем потег од Бел Камен до Рудина

Денес во рамки на акцијата „Промените се случуваат, секогаш со народот“, сум во посета на Свети Николе. Морам да кажам дека на мое огромно задоволство денес градоначалникот Дејан Владев заедно со неговиот тим значи ме однесоа на неколку места каде што имаат сериозни градежни активности. И морам да потенцирам значи се решение неколку децениски проблеми кои што ги имале луѓето во одредени места во градот, истакна Гордана Димитриеска Кочоска, потпретседателка на ВМРО-ДПМНЕ.

-Имаме реконструкција и асфалтирање на улица „Васка Циклева“, меѓутоа она што навистина ми остави денес голем впечаток е тоа што после многу долги години имаме изградба односно асфалтирање на еден поголем потег од Бел Камен до Рудина. Бевме таму тоа се неколку улички, краци каде што претходно воопшто немало ништо асфалтирано. И она што исто дополнително ме радува е тоа што таму жителите се презадоволни, ги имаше значи во куќите, повозрасни луѓе кои што навистина се задоволни затоа што претходно земјата, водите сето тоа веќе го нема и таму се асфалтира во рок од две недели, како што ме информира градоначалникот. Таму е планирано комплетно да се заврши целиот проект, рече Димитриеска Кочоска и додаде:

„Исто така еве гледате во моментов значи сме во посета на изградбата на противпожарната станица, како што кажа и градоначалникот станува збор значи за донација од САД.

Се на се, можам да заклучам дека еве и тука во Свети Николе градоначалникот заедно со неговиот тим работат посветено. Значи за многу краток период во рок од нешто повеќе од 6 месеци тие успеаја навистина да реализираат еден огромен број на проекти. Градоначалникот најави во следниот период што ќе се случува. И да кажеме дека еве навистина промени се случуваат, нашите градоначалници сето она што го ветиле го остваруваат, како што впрочем еве и нашиот градоначалник во Свети Николе тоа го прави“.

Коронавирус