сабота, 16. јануари 2021. Вести денес: 35
home Вести

Димитриеска – Кочоска: Ова е најлошата економска година од независноста на Македонија, Владата буквално прави “купи ден – помини”

Димитриеска – Кочоска: Ова е најлошата економска година од независноста на Македонија, Владата буквално прави “купи ден – помини”

-Ги гледате парите како купче. Во даден момент не можете д знаете што ќе се случи. Во месец март има почеток на корона кризата и се носaт мерки и се вели рестораните ќе се затворат, игротеки и така натака, и сега вие се доведувате во ситуација да се прашате како тоа ќе се одрази на приходите што ги собира државата. Односно колку тоа ќе значи помалку ДДВ, рестораните не работат, нема промет сега колку е тоа. Се сеќавам дека во април тогашната министерка за финансии побара ваков податок од УЈП и настана една збрка, бидејќи вие не сте подготвени сега од целиот тој притисок и незнаењето што како понатаму кога ќе обезбедите пари, сега вие правите некакви анализи, барате податоци за нешто што требало со години наназад да го имате пред вас. Најодговорно тврдам дека такви податоци немаше. Туке е купи ден – помини. Владата нема јасна структура на сите оние даноци што ги прибираат по дејности тогаш, изјави Гордана Димитриеска – Кочоска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во вечерашната емисија “Заспиј ако можеш” на Алфа телeвизија.

Коронавирус