среда, 22. јуни 2022. Вести денес: 168
АКТУЕЛНО

Падна владата во Бугарија, Кирил Петков повеќе не е премиер

home Вести

Димитриеска Кочоска: Легитимно е ВМРО-ДПМНЕ да бара предвремени парламентарни избори кога гледа во каква состојба се наоѓа Македонија

Димитриеска Кочоска: Легитимно е ВМРО-ДПМНЕ да бара предвремени парламентарни избори кога гледа во каква состојба се наоѓа Македонија

„Јас се уште верувам дека премиерот ќе се освести на некој начин и дека ќе имаме една лидерска средба како што доликува. Денес претседателот ќе има состанок со пратениците во Собранието во попладневните часови каде што ќе се разговара околу темата блокада. Но, сепак очекувам дека нема да стигнеме до блокадата, туку дека ќе се повика претседателот Мицкоски на еден разговор во Владата и дека ќе се изнајде решение значи за излез од оваа криза“, истакна Гордана Димитриеска Кочоска, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ во „Утрински брифинг“.

Димитриеска Кочоска додаде дека претседателот Мицкоски нема линкови туку се што има отворено разговара.

„Ние и на Извршниот комитет донесовме едногласна одлука за блокада доколку не се оствари таа лидерска средба. Во однос на тоа како ќе оди блокадата, денес во попладневните часови ќе има точно разговор и точно чекорите еден по еден како ќе се одвива блокадата“, појасни Димитриеска Кочоска.

Димитриеска Кочоска посочи дека Ковачевски се однесува како да е на шведска маса и си бира што сака тој. Претседателот Мицкоски понуди и четири различни тима во област на образование, здравство, надворешната политика и економија, со цел да се помогне во овие услови кога Владата не знае ниту што прави, само во полошо оди од година во година.

„Кажавме дека треба да има лидерска средба да разговараат, двете работи се јасни, помош даваме со сериозни стручни луѓе, експерти секој во своја област, докажани. Значи секој од нив е докажан“, укажа Димитриеска Кочоска.

Димитриеска Кочоска појасни дека во ваква состојба во коа што се наоѓа Македонија легитимно е да се бараат предвремени парламентарни избори.

„На крајот од денот сите луѓе одат дома и гледаат колку пари ќе однесат, што ќе купат со парите во продавница, на крај се се врти околу тоа, каков ќе ни е животниот стандард. А, нас ни е се полошо и полошо“, нагласи Димитриеска Кочоска.

Во своето гостување запраша што прави власта на тема енергетика.

„Тоа е сериозен проблем и ќе биде, еве и сега го гледаме тоа од аспект на стопанството. Што правиме со стопанството? Се спрема ЕСМ? Воопшто ништо не прават. Така да тоа е позагрижувачки“, истакна Димитриеска Кочоска.

Коронавирус