сабота, 28. ноември 2020. Вести денес: 101
home Вести

Димитриеска Кочоска: Ќе ни треба најмалку 50 години за да го достигнеме ЕУ стандардот

Димитриеска Кочоска: Ќе ни треба најмалку 50 години за да го достигнеме ЕУ стандардот

Македонија со ова ниво на состојбите ќе го достигне просекот на ЕУ за најмалку 50 години, никој во државава го нема тоа време за губење.

Да почнеме со ред.

Да ги тргнеме на страна нереалните фалби на Владата во заминување. Ова се голите факти и бројки. БДП по жител во Македонија е за шест пати помал од просекот на Европската Унија (ЕУ) со преку 30,000 евра. За споредба 2019 година ја завршивме со БДП по жител со околу 5,400 евра. Потребно е Македонија да биде дел од земјите со висок приход како Чешка, Полска , Словачка, Словенија, Грција, Унгарија, Австрија итн. СДСМ и Зоран Заев ветуваа просечен економски раст од 5% на годишно ниво.

Досегашниот економски раст, кој во минативе три години достигна просек од ниски 2,3% годишно е недоволен за да се изврши побрза конверзија кон просекот на ЕУ за БДП по жител. Со ваков економски раст, а под услов економијата на ЕУ да расте со моменталното пониско темпо, ќе ни требаат најмалку 50 години за да го достигнеме просекот на ЕУ.

Замислете, дете што денес се родило, дури после 50 години ќе може да живее просечен живот на еден граѓанин на ЕУ, а што да кажеме за нашата генерација чии животи поминаа во чекање за некакво подобро утре кое никако не доаѓа. Ова е неприфатливо!

Економскиот раст на Македонија мора да забрза, да постане одржлив и биде инклузивен за сите групи во општеството. Нам ни треба минимум дуплирање на реалниот економски раст, за да во разумен рок го достигнеме просекот на ЕУ. За тоа се потребни драстични промени чии ефекти ќе се почуствуваат во првите 100 дена од новата влада. На Македонија и треба обнова на економиката и големи чекори напред, напиша на Фејсбук дополнителен заменик министер за финансии.

Најнови вести

Коронавирус