сабота, 18. септември 2021. Вести денес: 77
АКТУЕЛНО

ЦРН РЕКОРД НА ПОЧИНАТИ ВО ЗЕМЈАВА: Денеска над 40 починати, НАЈМЛАДИОТ НА САМО 18 ГОДИНИ!

home Вести

Димитриеска Кочоска до Заев: Кој живот на подобро Премиере кога умираат луѓе во болници изградени по ниски стандарди и без заштита?

Димитриеска Кочоска до Заев: Кој живот на подобро Премиере кога умираат луѓе во болници изградени по ниски стандарди и без заштита?

Гордана Димитриеска Кочоска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ на својата официјална Фејсбук страница напиша објава во која се осврна на премиерот Зоран Заев и неговите изјави дека има подобар живот во Македонија, за БДП и за инвестициите во нашата земја.

Нејзиниот статус ви го пренесуваме во целост:

„ФИКЦИЈАТА НА ЗАЕВ – “Инвестициите, вработувањето и повисоките плати го менуваат животот на подобро”
Не можам да поверувам. Сме имале историски годишен раст на БДП од 13,1% во вториот квартал на 2021 година заради добри економски политики на оваа Влада?! Мислите, по историскиот и тоа повисок пад на БДП од 14,9% во истиот период минатата година? Тогаш домашната и светската економија беа затворени, а во вториот квартал од оваа година се функционираше нормално.
Сме имале инвестиции. Кои инвестиции? Инвестициите што треба да ги прави државата се на историски ниски нивоа со оваа власт, што кажува дека Планот за раст за наредниот период ви е само чиста фикција (види графикон подоле)!
Сме имале раст во вработувањето и најниска стапка на невработеност? Кој раст на вработување, кој пад на стапката на невработеност? Оној со сѐуште изгубени 16.000 работни места плус 6.500 демотивирани невработени да бараат работа, што заедно сочинува околу 19.000 неактивни лица и 3.400 иселени (заедно со починати од Ковид-19 вирусот)?
Ви се намалува работоспособното население Премиере! Повисоките плати? Лудост. Кога најголем дел од платите стагнираат или се намалуваат, а растот на просечната плата по вработен на ниво на економија е заради бришење на ниско платените сега невработени од пресметката?
Кој раст на извозот? Оној којшто доаѓа од новите производни капацитети во слобоните индустриски зони кои се успех на долгорочна политика на претходната Влада? Не препишувајте успех на себе! Оние што вие немаше да ги пазите и за кои фрлавте камења пред и на почетокот на вашето владеење?
Кој живот на подобро Премиере? Кога умираат луѓе во болници изградени по ниски стандарди и без заштита? Кој живот Премиере? Кога пукаме по сите шавови како држава? Почнувајќи од корупција, криминал, неефикасна Влада, загадена животна средина, хаос во образование и здравство!
Ви кажал ли некој дека квалитетот на живот зависи од сите овие фактори? Па не е ни чудо што ни бегаат младите од економијата. Не е ни чудо што Меркел ве заобиколи на нејзината последна тура на Балканот!“

Најнови вести

Коронавирус