петок, 19. јули 2019. Вести денес: 133
home Вести

Димитар Димовски и Никола Мицевски на средби со жителите на Општина Виница

Димитар Димовски и Никола Мицевски на средби со жителите на Општина Виница

ВМРО-ДПМНЕ во текот на вчерашниот ден продолжи со теренските посети. Тим на партијата  предводен од членот на ИК, Димитар Димовски  и координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски ги посети виничките села Градец и Истибања.

На средбите со жителите на овие места беше посочено  дека пречи неправдата, осиромашувањето и продажбата на националните и државни интереси од страна на власта на СДСМ.

Граѓаните од виничко се категорични дека се против сите лаги на СДСМ и Заев, против криминалите и корупцијата на власта. Велат додека тие секој ден се повеќе осиромашуваат семејствата на власта се вработуваат во државни институции за плати кои обичните граѓани само ги сонуваат.

Претставниците на ВМРО-ДПМНЕ истакнаа дека овој народ заслужува подобра и посигурна иднина за себе и своите деца, тие заслужуваат да имаат работа во Македонија, а не да ги напуштаат своите огништа во странство во потрага по подобар живот.

Затоа беше констатирано дека неопходна е победа на прво на претседателските избори, а веднаш потоа и на неизбежните предвремени парламентарни избори на кои граѓаните жестоко ќе ги  поразат Зоран Заев и  СДСМ и ќе ги донесат промените во Македонија.