ОВР Свети Николе поднесе кривична пријавa против И.С.(42) од Свети Николе, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ и против Д.Т.(25), поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „овозможување на употреба наркотични дроги“.
На 18.08.2020, И.С. му продал хероин на Д.Т., а истиот ден полициски службеници извршиле претрес во домот на Д.Т., каде бил затекнат А.Ј., при што кај нив бил пронајден хероинот.