среда, 30. септември 2020. Вести денес: 0
home Вести

Дилеми за уставнaта какафонија околу изборот на министри и зошто СДСМ се плаши од Ковачки?

Дилеми за уставнaта какафонија околу изборот на министри и зошто СДСМ се плаши од Ковачки?

Изборот на ВМРО-ДПМНЕ на Драган Ковачки за кандидат за технички министер за внатрешни работи отвори низа прашања и покажа дузина недоречености во Уставот и законите.

Едно од нив е колизијата во самиот Устав. Имено, член 23 и член 97 на Уставот се во сериозен судир токму за изборот на министер за одбрана и и за министер за внатрешни работи.

Членот 23 јасно вели дека секој граѓанин има право да учествува во вршењето на јавни функции.

Наспроти ова, уставотворците во член 97 предвиделе дека функцијата министер за одбрана и во МВР може да ја врши само лице кое е цивил или било цивил најмалку 3 години пред назначувањето на наведените фунцкии.

Двата члена се во сериозен судир, во член 23 не стои дека само секој „цивил“ има право да учествува во вршењето на јавни функции. Другото прашање кое се изнедрува од колизијата е дали војниците и полицајците не се граѓани на Република Македонија?

Освен Уставот, тука се и дузината преседани во историјата на Македонија, каде лица директно од МВР се поставуваат на позиција министер во внатрешни работи. Преседаните во светот го формираат и менуваат правото и стануваат чин на кој секој во иднина се повикува и така стануваат пракса. Но очигледно, дека така е во демократскиот свет, не и во Макеоднија.

Во одбрана на СДСМ, дека морал да се почитува Уставот, а не преседаните, се најдоа препознативите лица на медимските стратези и „аналитичари“ кои орно порезедоа иницијатива за објаснување на „вистината“. Се вадат и на фактот дека, тогаш, како при назначувањето на министри како Силјан Аврамовски и останатите, кои доаѓаат директно од редовите на МВР, а не од одбрана како Ковачки, никој не реагирал.

Реалноста, сепак, по толкуте преседани е дека противењето на СДСМ за изборот на Ковачки има други мотиви, факт што во повеќе наврати деновиве го потврдија и познавачите на состојбите во државата.

Она што очебијно им пречи на социјалдемократите, е токму Драган Ковачки, а не колизијата со Уставот која претходно никому никогаш, во различни владини консталации на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, не била проблем. Јасно е, велат аналитичарите, дека на владејачката партија и пречи токму неговата биографија и професионализам.

Вистинскиот проблем е што Ковачки, со сите квалитети и образование, би можелза само три месеци да покаже како навистина треба да работи еден министер за внатрешни работи, наспрема досегашното, тригодишно искуство со Спасовски, кој оваа функција ја доби како партиска награда, а нема никаква врска со неговото образование и искуство.Токму професионалец како Ковачки, би можел да го презентира максимумот на министерството, кое минативе години се соочи со дузина афери, а во време на министерувањето на Спасовски, се случија најголемите бегства од државата во историјата на Македонија, најголемите афери со рекет во кој се диретно инволвирани и пратеници и министри од Заевата влада, убиства, амнестии на криминалци, а палењето автомобили низ државата стана секојдневние.

Можеби, најголемиот страв, а со тоа и мотив за одбивање е дека СДСМ се плаши дека Ковачки ќе го доведе во ред Министерството и ќе ги извади на виделина и останатите криминали на власта?
Човек со ваков бекграунд и искуство, во комбинација со одврзани раце и ингеренции како технички министер, т.е. со можност да ги размрда архивите и документацијата, може да пронајде многу неправилности, афери и криминал, акти кои во предизборие, никако не и одговараат на власта.

Дали токму затоа, Власта се плаши од Драган Ковачки како нов технички министер за внатрешни работи?

Коронавирус