петок, 4. декември 2020. Вести денес: 155
home Вести

Дика: Семејството на Боки 13 функционираше како класично македонско семејство?

Дика: Семејството на Боки 13 функционираше како класично македонско семејство?

На денешното рочиште за „Рекет“ сведочеше Мери Дика Ѓеоргиевска, која рече дека со Бојан Јовановски се во кумовски односи. Дика објасни дека е блиска со мајката на Бојан со која се пријателки од деца.

Обвинителката Смаќоска го праша сведокот за тоа што работел Бојан по враќањето од Белград. Таа објасни дека работел на проекти за ранливи категории. Дика потврди дека била и во станот на Бојан во Орман.

Судијата ја праша како живеело семејството Јовановски и дека рече дека тоа било класично македонско семејство.

Сестрата на Дика била потпретседателка на „Меѓународниот сојуз“. Таа рече дека иако била на основањето не знае многу за работата на Сојузот. Јовановски бараше да потврди за блискиот однос што го имаат со неговото семејство и оти покрај заедничкото патување имале и други патувања на што таа одговори потврдно.

Коронавирус