петок, 23. октомври 2020. Вести денес: 124
home Вести

ДИК за Алфа: Гиновски бил член на избирачки одбор на предлог на СДСМ

ДИК за Алфа: Гиновски бил член на избирачки одбор на предлог на СДСМ

Борче Гиновски кој вчера преку социјалните мрежи му се заканувал на уредникот на „Плусинфо” Бранко Героски на последните претседателски избори по предлог на СДСМ бил член на избирачки одбор во општината Ѓорче Петров на избирачко место 2581.

Ова за телевизијата Алфа го потврдиле од Државната изборна комисија (ДИК). По синоќешниот притисок како што рече Героски, поради објавување на серија текстови за наводна изнуда  и рекет тој денеска беше во штабот на СДСМ.

Коронавирус