четврток, 25. април 2019. Вести денес: 157
home Вести

ДИК утре треба да го предаде изборниот материјал до општинските изборни комисии

ДИК утре треба да го предаде изборниот материјал до општинските изборни комисии

Државната изборна комисија најдоцна до утре треба да го предаде изборниот материјал за претседателските избори и предвремените лоакани во три општини. Според роковникот на Комисијата, материјалот се предава најдоцна во рок од 72 часа пред денот за определување на изборите.

Утре на полноќ истекува и рокот во кој избирачите кои на денот на гласањето се наоѓаат на издржување мерка куќен притвор можат да се пријават до Општинските изборни комисии.

Тие, како и болните и изнемоштени лица, внатрешно раселените и лицата кои се наоѓаат во казнено поправните установи гласаат на 20 април, ден пред одржувањето на изборите. На 20 април гласаат и избирачите кои на денот на изборите се на привремена работа или престој во странство.

Во текот на утрешниот ден во Државната изборна комисија гласаат членовите на Избирачките одбори во Дипломатско-конзиларните претставништва и тоа во периодот од 7 до 19 часот.