сабота, 19. септември 2020. Вести денес: 100
home Вести

ДИК утре ќе ги официјализира резултатите – Управен суд ги одби сите 185 тужби на партиите

ДИК утре ќе ги официјализира резултатите – Управен суд ги одби сите 185 тужби на партиите

Државната изборна комисија утре треба да ја закаже седницата за да ги објави конечните и официјални резултати од предвремените избори, велат оттаму за ТВ21. Со ова се затвора изборниот процес, и течат процесите за конституирање на новото Собрание чиј последен рок е 4 август

„Утре планираме да ја одржиме седницата на која ќе ги објавиме конечните и официјалните резултати, а потоа ќе бидат повикани и новоизбраните пратеници за да им ги врачиме пратеничките мандати“, велат од Државната изборна комисија.

Ова се следните чекори откако Управниот суд ги одби сите тужби на политичките партии поднесени против одбиените приговори на Државната изборна комисија која беше последна инстанца на партиите за поднесување приговори. Управните судии на денешните јавни расправи ги разгледуваа последните 4 тужби, а изминативе три дена вкупно беа разгледани и одбиени сите 185 тужби.

„Одлуките се одбивателни, значи сите четири тужби кои денеска беа разгледувани и одлучувано, ВМРО-ДПМНЕ две, една Демократи и една Единствена Македонија, тужбите се одбиени и потврдени решенијата на ДИК. Откако ќе бидат изготвени, верификувани пресудите, истите веднаш се доставуваат до Државната изборна комисија и до тужителите односно до партиите“, истакна Ивана Смугреска.

Изминатите денови одбиени беа и тужбите на Алијанса за Албанците, кои за понеделник најавија протести, потоа 101 на Левица, како и на Интегра и МОРО Работничка партија.

Коронавирус