четврток, 28. октомври 2021. Вести денес: 60
home Вести

ДИК треба да го заклучи Избирачкиот спсисок

ДИК треба да го заклучи Избирачкиот спсисок

ДИК вечер на јавна седница се очекува да го заклучи избирачкиот список за локалните избори закажани на 17 октомври. Избирачкиот список и изводите од него ДИК треба да ги потпише најдоцна до 1 октомври. Како што информираат од ДИК, на вечерашната седница исто така треба да се утврди и изгледот на гласачкото ливче.

Политичките партии и учесниците на изборите се пред завршување на своите подготовки за почетокот на изборната кампања за Локалните избори која започнува во понеделник на 27 септември, а треба да заврши на 15 октомври

Утврдените листи на кандидати за Локалните избори веќе се објавени како од страна на ДИК , така и од страна на општинските изборни комисии, познати се кандидатите како за градоначалници така и за членови на советите во локалните самоуправи.

Од ДИК посочуваат дека подготовките за изборите се интензивни и дека се работи паралелно на завршување на повеќе активности.

На овие избори за првпат ќе се применат терминали за отчитување на отисоците од прсти на гласачите за утврдување на нивниот идентитет и за комплетно избегнување на евентуални неправилности при гласањето. Овие терминали во државата треба да пристигнат најдоцна до 1 октомври со договорот со германската компанија „Дермалог“.

Изборите ќе се одржат со спроведување на мерки за заштита од ковид 19 исто како и на ланските парламентрани, ќе се формираат посебни избирачки комисии за лицата кои ќе бидат пријавени, а ќе бидат во изолација или позитивни на коронавирусот, што ќе изразат интерес за гласање.

Локални избори 2021