недела, 5. јули 2020. Вести денес: 106
МЕГА БОМБА

Нова аудио бомба: Се гледам со Вице, дадоа зелено светло да му се зaпaли колата, Трајче Заев даде црвен картон да не работи ништо

Во живо

Мицкоски пред граѓаните во Крушево ја претставува програмата на ВМРО-ДПМНЕ

home Вести

ДИК: Не сме почнале подготовки за предвремените избори, ја почитуваме владината уредба

ДИК: Не сме почнале подготовки за предвремените избори, ја почитуваме владината уредба

Државната изборна комисија (ДИК) денеска во целост ги демантира насловите во одредени медиуми во кои се наведува дека Комисијата ги почнала подготовките за предвремените парламентарни избори.

Единствените активности, како што се наведува во соопштението, кои ДИК ги реализира во моментот се активностите поврзани со нејзиното тековно функционирање.

– Воедно Ве информираме дека ДИК, во целост ја почитува Уредбата со законска сила за прашањата поврзани со изборите бр.442413/1 од 21 март 2020 година, донесена од Владата на Република Македонија, врз основа на која ДИК усвои Заклучок за прекинување на сите изборни дејствија за спроведување на предвремените избори за пратеници во Собранието на Република Северна Македонија, закажани за 12 април 2020 година бр. 08-1022/1 од 22 март 2020 година, се потенцира во соопштението од ДИК.

Парламентарни избори 2020