понеделник, 23. ноември 2020. Вести денес: 132
home Вести

ДИК ќе расправа за измена на роковникот за референдумот

ДИК ќе расправа за измена на роковникот за референдумот

Државната изборна комисија попладнево ќе одржи јавна седница на која треба да ја разгледа и усвои Предлог Одлуката за изменување на роковникот, бр. 12-1402/1 од 01.08.2018 година, за извршување на дејствијата за спроведување на есенскиот референдум за Договорот со Грција.

Меѓу прашањата на дневен ред се и разгледување и усвојување на Предлог Финансиски план за распределба на средства за референдум на државно ниво, на Предлог Годишниот план за вкупните потреби за јавни набавки во 2018 година, како и на Предлог Известувањето за постапките за спроведување на јавните набавки.

Треба да биде разгледана и усвоена и Предлог Одлуката за утврдување на потреба од формирање помошни тела на ДИК за спроведување на референдумот, како и Предлог Програмата за задолжителна едукација на изборните органи- општинските изборни комисии, избирачките одбори и избирачките одбори во ДКП-та.

Коронавирус