сабота, 25. септември 2021. Вести денес: 0
home Вести

ДИК: Излезноста до 9 часот е 2,45 проценти

ДИК: Излезноста до 9 часот е 2,45 проценти

Државната изборна комисија на првата прес-конференција утринава соопшти дека излезноста на референдумот до 9 часот е 2,45 проценти.

Овој процент е добиен според информациите од 71,53 проценти од избирачките места.

Се гласа на 3.478 избирачки места, кои ќе бидат отворени до 19 часот.

Право на глас имаат еден милион 806 илјади и 336 гласачи запишани во Избирачкиот список.

Како што информира на денешната прва прес-конференција во ДИК, најголема излезност до 9 часот има во општина Демир Хисар со 4,12 проценти, а најмала во општина Конче 0,73 проценти.

– Досега до ДИК доставени се вкупно три приговори за заштита на личното избирачко право и сите три приговори се одбиени како неосновани, изјави портпаролот на ДИК Љупка Гугучевска.

Гугучевска појасни дека сите три приговори граѓаните ги поднеле до ДИК затоа што не биле запишани во изводите од Избирачкиот список. Еден од приговорите е одбиен како неоснован бидејќи, како што рече, граѓанинот имал поништено живеалиште од страна на МВР. Вториот граѓанин немал важечки документ за лична идентификација, додека третиот пријавата за гласање во странство не била доставена до ДИК.

Во овој процес гласачите имаат право на два вида приговори за заштита на личното избирачко право и приговори за постапката за гласање и сумирање и утврдување на резултатите. Овие приговори гласачите можат да ги поднесуваат на образец што може да се подигне на секое гласачко место или елекронски на веб-апликацијата.

Таа додаде дека во функција е и бесплатната телефонска линија 0800 555 44 преку која граѓаните можат да пријавуваат неправилности или да поставуваат прашања до ДИК.

 

Коронавирус