среда, 19. јануари 2022. Вести денес: 0
home Вести

ДИК: До 10 часот пристигнати се седум приговори од ТМРО

ДИК: До 10 часот пристигнати се седум приговори од ТМРО

Заклучно со 10 часот денеска, до Државната изборна комисија (ДИК) се поднесени седум приговори од политичка партија ТМРО.

Како што информира ДИК, приговорите се однесуваат на постапката за сумирање и утврдување на резултатите во избирачките места 1156, 1178, 1157, 1182, 1183, 1176 и 1181 во општина Старо Нагоричане.

Рокот за поднесување приговори за вториот изборен круг од локалните избори, што се одржа завчера, истекува утре во 14 часот, информираше претседателот на ДИК Александар Даштевски, на вчерашната прес-конференција на која беа објавени првичните официјални резултати од изборите.

Коронавирус