среда, 28. октомври 2020. Вести денес: 0
home Вести

Дијана Тоска: Дали Мајка Тереза ќе се преиначи во муслиманка?!

Дијана Тоска: Дали Мајка Тереза ќе се преиначи во муслиманка?!

Новинарката Дијана Тоска, креатор на химната за Света Мајка Тереза, реагираше по свеченото откривање на спомен-плочата на местото каде била куќата на Гонџа Бојаџиу на градскиот плоштад во Скопје. Смета, како што јавува „Фокус“ дека на плочата требало да пишува Света Мајка Тереза, а не само Мајка Тереза затоа што таа веќе во 2016 година беше прогласена за светица,

Ако видите на другата плоча има крст, идентификација на Мајка Тереза. На плочата на албански јазик нејзиниот крст не е поставен и тоа остава многу прашања. Што се крие зад тоа? Зошто не е поставен? Кој се плаши од идентитетот или да не карикирам да кажам, дали ќе се преиначи Мајка Тереза во муслиманка? Ова е невиден апсурд, оваа плоча нема идеолошки или суштински концепт“ вели Тоска која стравува „ ако тука лежи политичката позадина, тогаш ова е уште полошо затоа што името на Мајка Тереза е манипулирано, се поигрува и се користи за политички теми.

Коронавирус