недела, 13. јуни 2021. Вести денес: 0
home Вести

Дијабетичарите оставени без неопходните лекарства, молк од министерството за здравство

Дијабетичарите оставени без неопходните лекарства, молк од министерството за здравство

Граѓаните кои боледуваат од дијабетис 1 се уште немаат инсулин, ленти и игли. Секој ден се повеќе апелираат до надлежните преку социјалните мрежи дека се заборавени, ниту основните лекарства за оваа болест ги имаат, буквално се оставени сами на себе да се снаоѓаат како да дојдат до потребниот лек.

Имено дијабетес тип 1 (инсулинозависен дијабетес) претставува автоимуно заболување со можна генетска предиспозиција. Се јавува во која било возраст, но најчесто кај деца, тинејџери или млади луѓе. Кај овој тип дијабетес панкреасот создава многу малку или воопшто не создава инсулин.
Изминатиов период реагираа и граѓаните со друг тип на дијабетис, очигледно е дека сите граѓани во Македонија кои што боледуваат од дијабетис се соочуваат со недостаток на инсулин.

Во Македонија има околу 190.000 граѓани што живеат со дијабетес, а околу 40.000 се на инсулинска терапија, од кои 500-тини се деца.
Според информации на одредени портали дијабетичарите веќе неколку месеци не добиваат игли за боцкање во инсулинските аптеки кои се наоѓаат во рамките на поликлиниките. Како што велат дијабетичари во минатото добивале до десетина игли, а веќе неколку месеци не им била дадена ниту една.

Од Министерството за здравство велат дека се запознаени со проблемот но набрзо ќе се реши.

„Поради промена на операторот, односно истекување на договорот и запазување на роковите при постапката за склучување нов договор со друг оператор, во изминатиот период во инсулинските аптеки имаше ограничена количина игли и ленти“, велат од Министерството за здравство.
ВМРО-ДПМНЕ неколку наврати апелираше дека министерот за здравство Венко Филипче го доведе здравствениот систем пред колапс, не само што Македонија е црна дупка во регионот по пандемијата КОВИД-19, туку и граѓаните не можат да најдат лекарства кои што им се потребни за нивните болести.

„Македонија за жал останува црна дупка во процесот на вакцинација. Не само во потесниот регион, тука и за жал на ниво на Европа. Но, нема ни соодветна терапија, луѓе не можат на времено да направат крвна слика со сите податоци кои што се потребни, тешко се закажуваат рентген снимки, а да не зборувам за тоа дека мора самите да ги купуваат лекарствата, витамините, антиоксидансите кои што треба да ги користат. Така што имаме една исклучително тешка ситуација по којашто ќе зборуваме и со здравствените работници. Во една голема катастрофа е Македонија, здравствено пред се, а секако тука е и економски“, коментираат преку соопштенија од ВМРО-ДПМНЕ.

Најнови вести

ЕУРО 2020

Македонија