вторник, 26. јануари 2021. Вести денес: 0
home Вести

Ди-џеј Гоце вели дека никогаш не би настапил на партиски настан: Еве што забранува да има на бина!

Ди-џеј Гоце вели дека никогаш не би настапил на партиски настан: Еве што забранува да има на бина!

Под мотото „Голема граѓанска прослава Македонија во НАТО и ЕУ” владата објави дека ќе прославува утре во 15 градови.

На социјалните мрежи и во контактните емисии се разви огромно незадоволство бидејќи Владата со ова прави евтин ПР, со оглед на тоа дека државава не доби ниту чиста покана за НАТО ниту датум за преговори.

Владата претходно, пред речиси еден месец склучила рамковни договори за ангажман, чии суми остануваат тајна. Пејачите, барем добар дел од нив, и не знаат за која цел ќе пејат ниту дека стануваат предводници на една кампања за промена на името, која се наоѓа на удар на јавноста.

Меѓу нив е и познатиот ди-џеј Гоце од САФ.

-За другите не можам да коментирам, ама САФ и Конкверинг никогаш не би прифатиле настап на партиски настан. Сме договорени за културен настан на 14 за ЕУ во Струга. Тоа значи дека не смее да има на бина партиски обележја, водители, луѓе од власт / партија како говорници и слично, напиша ди-џеј Гоце на Твитер.

Коронавирус