Во Кривичниот суд денес започна судењето за убиството на младиот Никола Саздовски – Саздо.
По него почна да сведочи малолетничката В.Б. Таа дојде капа на главата и кажа дека добивала закани.
Прашана од судијката Даниела Алексовска Стафановски дали имала закани во однос на сведочењете за настанот, девојката на Никола Саздовски одговорила позитивно.
-Ми се јавија на телефон во училиште, не знам кој ми се јави, рекла таа.
Инаку таа била присутна на лице место кога се случил настанот и е прв сведок кој треба да даде исказ за убиството на Саздо.
Судијката ја натера да ја симне капата, по што нејзиното сведочење беше прекинато за да реши судечкиот совет дали таа ќе сведочи јавно.
По кратката пауза судењето продолжи без присуство на јавноста.
loading...