Во Кривичниот суд денес започна судењето за убиството на младиот Никола Саздовски – Саздо.
Прашана од судијката Даниела Алексовска Стафановски дали имала закани во однос на сведочењете за настанот, девојката на Никола Саздовски одговорила позитивно.
-Ми се јавија на телефон во училиште, не знам кој ми се јави, рекла таа.
Инаку таа била присутна на лице место кога се случил настанот и е прв сведок кој треба да даде исказ за убиството на Саздо.