понеделник, 21. септември 2020. Вести денес: 94
home Вести

Девојка од Охрид пријавила дека непознато лице ја допирало по телото

Девојка од Охрид пријавила дека непознато лице ја допирало по телото

Во полните комбиња и автобуси на меѓуградските линии, не само што не се почитуваат ковид протоколите, туку дел од граѓаните мислат и како да ја искористат гужвата и да прават недолични работи.

Во едно такво комбе млада девојка пријавила дека била допирана по телото, по што случајот го пријавила во полиција.

„На 04.09.2020 во 15.45 часот во СВР Охрид, 22-годишна девојка од Охрид пријавила дека околу 14.10 часот во комбе кое сообраќало од Струга кон Охрид непознато лице ја допирало по телото. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.“, се вели во кусото образложение на полицискиот билтен.

Коронавирус