петок, 22. октомври 2021. Вести денес: 201
home Вести

Девет ученици и пет вработени од велешки училишта се позитивни на вирусот

Девет ученици и пет вработени од велешки училишта се позитивни на вирусот

Велешкиот градоначалник Аце Коцевски информира дека се регистрирани девет ученици позитивни на вирусот, и тоа тројца од средни, и шест од основни училишта во општината.

Исто така, позитивни биле и двајца директори на училишта, еден во основно и еден во средно, како и еден наставник во основно училиште, еден педагог, еден психолог и еден хигиеничар во детска градинка.

-Две одделенија се во изолација и тоа две паралелки од СОУ Гимназија „Кочо Рацин“ и осум ученици од основните училишта. Во изолација се учениците кои не се вакцинирани. Ако се земе во предвид вкупниот број на вработени и ученици, состојбите сериозно не влијаат на одвивањето на наставата-вели градоначалникот.

Утрово пак, министерот за здравство Венко Филипче изјави дека неделава имало уште двајца инфицирани ученици, но немало информација колку ученици се во изолација поради контакт со нив.

По веста дека само во Велес се регистрирани девет заразени ученици, министерот за ,,Фокус” појаснува дека информацијата за само двајца позитивни била од утринава, од осум часот. Новите бројки биле добиени подоцна, во тек на денот.

Локални избори 2021