недела, 17. јануари 2021. Вести денес: 54
home Вести

Детската клиника доби апарати за механичка вентилација во домашни услови

Детската клиника доби апарати за механичка вентилација во домашни услови

Апарати за механичка вентилација во домашни услови доби како донација Клиниката за детски болести во Скопје. Со нив, пациентите ќе можат наместо во болница да престојуваат во домашни услови.

Апаратите се донација од спортските обложувалници „Моцарт“, а средствата за набавка на оваа медицинска опрема се собрани преку кампањата која за време на Светското фудбалско првенство 2018 се одвиваше на сите уплатни места на „Моцарт“.

Медицинската опрема е наменета пред се за пациенти со церебрална парализа во поодмината фаза, како и за пациенти со невромускулни заболувања.

Цената на еден ваков апарат е околу 550 илјади денари.

– За време на акцијата беа собрани вкупно 1.023.596 денари кои беа искористени за да се купи опремата што ја договоривме со Детската клника. Вкупната вредност на опремата е 1.085.600 денари така што дополнителните околу 60 илјади денари колку што недостигаа за да се купи опремата, ги обезбеди „Моцарт“, изјави денеска маркетинг директорот во „Моцарт“, Васко Илијевски при примопредавањето на донацијата.

За директорката на Детската клиника Катерина Ставриќ, со набавката на двата апарати се им се овозможи на пациентите со церебрална парализа во термална фаза и на пациентите со мускулни заболувања пократко да престојуваат на одделот за интензивна нега и респираторната поддршка да ја вршат во домашни услови наместо во болница.

– Една од целите на Клиниката е што пократко децата да престојуваат во болница, а со оглед дека имаме големи деца со терминална фаза на церебрална парализа и мускулни заболувања кои поради здравствените потреби имаат долги престои во Одделот за интензивна нега, со обезбедувањето на овие апарати ќе им се овозможи да ја вршат респираторната поддршка во домашни услови, изјави Ставриќ.

На примопредавањето на донацијата присуствуваше и министерот за здравство Венко Филипче.  (МИА)

Коронавирус