петок, 18. септември 2020. Вести денес: 166
home Вести

Детето во болница, татко му е приведен: Еве како дошло до инцидентот пред стара Градска

Детето во болница, татко му е приведен: Еве како дошло до инцидентот пред стара Градска

Голема тепачка се случи пред Градската болница.

Како што неофицијално дознава Фактор, тепачката настанала откако било со автомобил прегазено дете.

Но, таткото на детето почнал да го тепа човекот што го прегазил.  Тоа било причина во болници да заврши и детето, но и оној што го прегазил, бидејќи и тој бил повреден, дознава порталот.

-Настанала општа тепачка, откако пријатели на оној што го прегазил детето дошле да се пресметаат со неговиот татко кој физички го нападнал. Тепачката се префрлила и во Градска болница. Затоа морале да интервенираат и медицински екипи. Дошле и Алфи, но разјарената група фрлала со камења и по нив, објави Фактор.

По сите овие настани таткото на детото е приведен.

Возачот што го удрил детето, заедно со детето се задржани во Градска болница на иследување, велат извори на Фактор.

Детето не е во животно загрозувачка состојба и е надвор од животна опасност. Не е повреден никој од персоналот на болницата.

Коронавирус