среда, 14. април 2021. Вести денес: 36
home Вести

Детектиран британски сој на коронавирусот и кај вториот македонски граѓанин вратен од Занзибар

Детектиран британски сој на коронавирусот и кај вториот македонски граѓанин вратен од Занзибар

Министерството за здравство ја информира јавноста дека според анализите што денеска ги направи МАНУ на брисот од другиот пациент кој пред неколку дена се врати од Занзибар, детектирано е присуство на британскиот сој на вирусот СарсКов2.

И кај првиот пациент, кој заедно со вториот патувале во Занзибар, беше детектиран британскиот сој на вирусот. Двајцата пациенти се хоспитализирани веднаш откако ги добиле првите симптоми.

Комисијата за заразни болести вчера предложи задолжителен домашен карантин од 14 дена за лицата кои доаѓаат од сите африкански земји.

Коронавирус