четврток, 22. август 2019. Вести денес: 136
home Вести

Детална временска прогноза: Утре дожд и грмежи, викендов пресврт во времето, од понеделник ново разочарување

Детална временска прогноза: Утре дожд и грмежи, викендов пресврт во времето, од понеделник ново разочарување

Времето утре ќе биде променливо облачно, околу пладне и попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи.

Времето во сабота ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне на североисток има услови за изолирана појава на краткотраен пороен дожд и грмежи.

Во недела времето ќе биде сончево со умерена облачност. Попладне во западните и северните планински предели има услови за изолирана појава на краткотраен пороен дожд и грмежи.

Додека времето во понеделник ќе биде променливо, околу пладне и попладне нестабилно на повеќе места со пороен дожд и грмежи.