петок, 15. јануари 2021. Вести денес: 103
home Вести

Детална временска прогноза: После дождот и црните облаци, следува пресврт

Детална временска прогноза: После дождот и црните облаци, следува пресврт

Времето во земјава ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со умерен, во источните делови засилен ветер од југоисточен правец. Попладне ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи, особено во западните делови.

Во Скопје, времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со умерен до засилен ветер од југоисточен правец. Попладне ќе има краткотраен пороен дожд. Температурата ќе се движи од 13 до 26 степени.

Променливо облачно време со сончеви периоди и со умерен до засилен ветер од јужен правец ќе преовладува и утре. Околу пладне и попладне ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи. Преодно стабилизирање ќе има во среда, а од четврток попладне под влијание на влажен бран нестабилно со пороен дожд и грмежи ќе биде на повеќе места.

Коронавирус