недела, 22. септември 2019. Вести денес: 36
home Вести

Детална временска прогноза- Македонија на удар на најсилниот топол бран летово

Детална временска прогноза- Македонија на удар на најсилниот топол бран летово

Топол африкански бран се очекува да ја погоди Македонија, но ќе биде со помал интензитет и тоа особено утре, кога очекуваме незначителен пад на температурите и северен ветер.

Исто така се очекува повторно локална нестабилност и тоа особено на север и на исток од државава каде се можни и нешто поинтензивни атмосферски процеси. Според најновите анализи некаде од 10. август Македонија би можела да биде зафатена од најсилниот топол бран ова лето кога во централните и во југоисточните предели максималните дневни температури би се искачиле дури и до околу 43, 44 степени.

УХМР од понеделник најави сончево време со повторен пораст на температурата.