сабота, 27. ноември 2021. Вести денес: 131
home Вести

Детална временска прогноза: Каква зима нè очекува?

Детална временска прогноза: Каква зима нè очекува?

Метеоролозите од „AccuWeather“ објавија голема прогноза за зима 2021 година, а како што најавуваат зимата на Балканот ќе биде релативно блага.

Претстојната зима во јужниот дел од Европа по многу работи ќе потсетува на минатогодишната зима, нагласуваат метеоролозите.

Се предвидуваат невремиња и силни ветрови ширум Шпанија и јужна Франција и бројни промени во времето.

„Некои од најмоќните невремиња најверојатно ќе се случат некаде во јужна Франција, Шпанија или Португалија зимава“, предупредил метеорологот Тилер Роис.

Другите делови на јужна Европа ги чека влажна зима.

Се предвидува дека оваа зима ќе има пообилна влага која ќе доаѓа од Медитеранот во Италија, на Балканот и поголемиот дел од Турција.

Според метеорологот Алан Реперт, поради овој постојан тек на влага во овие подрачја се очекуваат голем број на невремиња.

„Дури и умерената количина на дожд би можела да резултира со излевање на реките кои би предизвикале хаос и значајни поплави“, предупредиле метеоролозите.

Се очекува температурата во поголем дел од јужна Европа да остане просечна. Но, температурите во делови од Италија, Грција и Балканот понекогаш можно е да се искачат и над нормалните, најавиле метеоролозите.

Коронавирус