недела, 20. јуни 2021. Вести денес: 92
home Вести

Детали за земјотресот кој синоќа ја “стресе“ Македонија

Детали за земјотресот кој синоќа ја “стресе“ Македонија

Земјотрес ги испаничи граѓаните на Република Македонија вчера во вечерните часови, нешто пред полноќ.

Од Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, информираат дека вчера вечер на 11.5.2021 година е регистриран земјотрес чиj епицентар се наоѓал 170 km јужно од Скопје во соседна Република Грција.

Од таму додаваат дека земјотресот се случил во 23 часот и 31 минути, со локална Рихтерова магнитуда ML 4.7.

Според досегашните податоци, истиот е почувствуван во Битола, Ресен, Охрид, Струга со интензитет од IV степени според Европската макросеизмичка скала, а во останатите делови на територијата на Македонија со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

ЕУРО 2020

Македонија