недела, 24. јануари 2021. Вести денес: 84
home Вести

Детали за трагичната сообраќајка вечерва: Познат идентитетот на загинатото лице (ФОТО)

Детали за трагичната сообраќајка вечерва: Познат идентитетот на загинатото лице (ФОТО)

Едно лице загина во сообраќајна несреќа која се случила вечерва околу 20 часот на регионалниот пат Гостивар- Чегране, во близина на гостиварското село Форино, дознава КУРИР.

Според првичните информации, во сообраќајната несреќа учествувале две патнички моторни возила, „Шкода Фелиција“ со гостиварски регистерски ознаки управувано од Л.Х. (57) од гостиварското село Равен и БМВ со австриски ознаки што го управувал 18 годишниот И.М. од гостиварското село Чегране.

Во автомобилот „Шкода Фелиција“ се наоѓале и три женски лица, при што лицето кое управувало со возилото Л.Х. се здобило со тешки телесни повреди од кои набрзо починал, додека другите три лица од истото возило завршиле со телесни повреди, констатирани во гостиварската општа болница „Ферид Мурад“.

Како што дознава КУРИР, на местото на несреќата увид вршат јавен обвинител и екипа од СВР Тетово. Возачот на БМВ-то е обезбеден од полицијата.

Коронавирус