недела, 31. мај 2020. Вести денес: 0
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

ДЕТАЛИ ЗА ТРАГЕДИЈАТА: Родилка од Охрид и нејзиното бебе починаа на скопска Гинекологија

ДЕТАЛИ ЗА ТРАГЕДИЈАТА: Родилка од Охрид и нејзиното бебе починаа на скопска Гинекологија

На 30 март на Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје е примена второротка од Куманово на возраст од 27 години која во 20:15 поради намалена плодова вода и знаци за фетално страдание е породена со царски рез. Пациентката е спроведена и породена во изолација, заради фактот што истата како суспектна на Ковид-19 и упатна дијагноза која укажува на намалената плодова e најавена и испратена на Клиниката преку својот матичен лекар, информираат од клиниката.

Соопштението на Клиниката за гинекологија го објавуваме во продолжение

На пациентката освен комплетната лабораторија, земен и е и брис за Ковид- 19 чиј што резултат е стигнат вчера попладне во 18.00 часот и истиот е позитивен на вирусот.

Пациентката роди живо машко новороденче кое е недоносено и во моментов се наоѓа на интезнивна нега на ГАК. Новороденчето е изолирано  и е во добра општа состојба, не е на машина туку само со кислородна хауба. Денеска на бебето ќе му биде земен брис и направен тест на Ковид-19.

Пациентката при приемот е без температура, но во својот исказ посочува дека пред 3 дена имала грозница и се пожалила на сува кашлица. Пациентката укажа на тоа и дека нејзиниот свекор, исто така од Куманово, е позитивен на  Ковид- 19.

Со пациентката е постапено по сите протоколи за прием на заразен пациент како во однос на нега и третман, така и во однос на адекватна заштита на персоналот и изолација на пациентот.

Вчера  родилката почна да развива потешка клиничката слика, отежнато дишење со намалена сатурација, по што е веднаш префрлена и хоспитализирана на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби.

Истакнуваме уште еднаш дека во текот на целокупниот престој на пациентката на Клиниката за гинекологија и акушерство, од приемот до исписот, со неа е постапувано според сите начела за превенција и заштита од COVID-19, како во поглед на изолацијата на пациентката така и во однос на преземените мерки за заштита на медицинскиот персонал и останатите пациенти.

-На Клиниката за Гинекологија и акушерство во Скопје доцна синоќа, во 22 часот, почина пациентка на возраст од 37 години од Охрид, родилка која вчера попладне е донесена во Скопје со возило на брза помош во високо фебрилна состојба (телесна температура над 39 степени) и со мртов плод.

На жената уште веднаш и е направена целосна лабораторија и земен брис за Ковид-19. Лекарите оперативно го извадија плодот, а од стомакот на мајката е евакуиран гној. Можна причина за фебрилноста е септичната состојба на пациентката, но тестот треба да утврди или отфли присуство на коронавирус.

За време на интервенцијата состојбата кај пациентката се влоши при што истата беше интубирана, се пристапи кон целосна реанимација, но за жал во 22.00 е констатирана смрт. Причина за смртта најверојатно е сепса со масивна тромбоемболија, а пациентката ќе биде пратена на обдукција по што ќе има егзактна дијагноза.

Се работи за екстремно обезна пациентка, со телесна тежина од околу 150 кг, со висок крвен притисок и тахикардија, која во последните 5 месеци воопшто не се движела, а согласно податоците од докторите во Охрид, пациентката не ги извршувала ни потребните гинеколошки контроли.

Се работи за екстремно обезитна пациентка која  во последните 5 месеци воопшто не се ни движела, а согласно податоците од докторите во Охрид, пациентката не ги извршувала ни потребните гинеколошки контроли.

Сега починатата родилка е донесена без претходна најава од матичен лекар и оставена пред влезот на Клиниката. По измерената телесна температура, таа е веднаш спроведена на посебен влез до одделението за изолација.

За потсетување, еден дел од Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје функционира за родилки супсектни и позитивни на Ковид-19. За таа намена е воспоставен целосен протокол на изолација од влез, патека на движење, посебна родилна сала, бокс и тим. 

Од Клиниката за гинекологија и акушерство апелираме уште еднаш сите пациентки кои доѓаат на клиниката да се придржуваат кон сите насоки дадени од Министерството за здравство во однос на заштитата на сопственото здравје и здравјето на околината, но исто така се упатува и апел за целосно и вистинито давање на информации при прием со цел соодветно и навремено преземање на мерките кои се однесуваат на заштитата на вашето здравје, здравјето на вашето бебе и безбедноста на здравстевниот персонал.

Коронавирус