вторник, 21. септември 2021. Вести денес: 164
home Вести

ДЕТАЛИ ЗА СИТЕ АКТИВНИ ПОЖАРИ: Во кумановско пожар се заканува кон куќите, отежнато гасењето во Малешевијата

ДЕТАЛИ ЗА СИТЕ АКТИВНИ ПОЖАРИ: Во кумановско пожар се заканува кон куќите, отежнато гасењето во Малешевијата

Центарот за управување со кризи информира за состојба со активни пожари до 8 часот денеска.

Битолски регион

На територијата на ЕЛС Прилеп има 2 активни пожари на отворен простор и тоа:
-во атарот на селата Дрен-Смолане каде гори сува трева и шума и е во близина на објекти.
-пожар кој започна на ден 02.08.2021 во 13.10 во атарот на с.Топлица се проширил во атарите на с.Ракле и с.Никодин. Гори сува трева, а во повисокиот дел и густа шума.

На двата пожари од раните утрински часови во гаснење учествуваат 9 пожарникари со 4ПП возила и 28 припадници на АРМ и вработени ,,Црн бор,,-Прилеп.

Струмички регион

Утрово на пожарот кај Погана се излезени 2 ПП возила од ТППЕ Валандово со 7 пожарникари, 14 од ШС Саланџак-Валандово, 30 припадници на АРСМ, ДЗС Валандово 7, ЕВН со 7 вработени 1 цистерна за вода и 1 теренско возило, од РЕК Битола и здружение од Битола 9 луѓе исто така се излезени 13 вработени од ПШС Кожув.

Кумановски регион

Пожар во с.Мургаш, гори сува трева и истиот може да се прошири према куќите. За пожарот се известени ТППЕ Куманово, ДЗС Куманово и општина Куманово.

Во моментот активни пожари има во с.Довозенце, с.Горно Јачинце и с.Градиште, информациите се добиени од ТППЕ Куманово чии екипи сеуште се на терен.

Во Општина Кратово пожарот во с.Коњух е сеуште активен на непристапен терен. На терен се ТППЕ Кратово со 1 возило и 3 пожарникари и 4 четворица вработени од Шумското стопанство.

Штипски регион

Пожарот на потегот с.Костин дол-с.Ново село од ноќеска е повторно активен. На терен се екипи од ТППЕ-Кочани, ШС Осогово, Водостопанство и МЗШВ.

Пожарот кој Стар Истевник сеуште е активен. Од раните утрински часови на терен се распоредени екипи на АРСМ, ЦУК, ДЗС, НШ, ЈП, дел од екипата од Бугарија како и месно население. Само од АРСМ има 200 луѓе. Против пожарна екипа од Кочани.

Информација од Раководителот на РЦУК Делчево од лице место, е дека на теренот се распоредени екипи на НШ, ГП, КП, АРСМ, во многу голем број месно население и доброволци. На теренот видливоста е многу намалена и има многу дим, што го отежнува гасненењето на пожарот.

Коронавирус