сабота, 28. март 2020. Вести денес: 32
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

Курир со детали за позитивните случаи на коронавирус во МВР

Курир со детали за позитивните случаи на коронавирус во МВР

Вкупно три лица вработени во Министерството за внатрешни работи се позитивни на коронавирусот.

Извори од МВР за Курир велат дека новите два случаи на заболени од Ковид-19, се вработени во Одделот за општи и заеднички работи, просториите се дезинфицираат, а се преземаат и соодветни мерки за изолација на вработените кои биле во контакт со новозаразените.

Третиот случај е информатичар во Одделот за информатика и телекомуникации за кој пред неколку дена информираше министерот за внатрешни работи Наќе Чулев.