петок, 24. септември 2021. Вести денес: 134
home Вести

ДЕТАЛИ ЗА ПОЖАРОТ ВО ГЕВГЕЛИЈА: Зафатени огромна површина борова шума и караулата на АРМ, се гаснело и на грчка страна

ДЕТАЛИ ЗА ПОЖАРОТ ВО ГЕВГЕЛИЈА: Зафатени огромна површина борова шума и караулата на АРМ, се гаснело и на грчка страна

Огромниот пожар кој вчера пламна во непосредна близина на граничниот премин Богородица, поточно крај македонско-грчката граница, е ставен под контрола.

Поради отежнатите временски услови, односно тивкиот ветар, на одредени места се активни мали пламени јазици, но пожарот е локализиран.

Од ТППЕ- Гевгелија информираат дека пожарот зафати огромна површина борова шума, а поради ветрот истиот се прошири до грчката територија, зафаќајќи ја и граничната караула на АРМ, каде опожарено е едно полициско возило.

Во локализирањето на пожарот, покрај ТППЕ- Гевгелија, учествуваа и ЈПДК „Комуналец“- Гевгелија со механизација, Шумско стопанство- ПЕ „Кожув“- Гевгелија, граничната полиција и вработени од хотел „Фламинго“, хотел „Принцес“ и БП „Шимов“.

Додека, на грчката страна во локализирањето беа вклучени и пожарникарите од Поликастро.

Екипа од ТППЕ- Гевгелија остана на терен за да ја следи состојбата со активните жаришта и спречи можноста за повторно пламнување и проширување.

Коронавирус