понеделник, 25. октомври 2021. Вести денес: 175
home Вести

Детали за пожарот кај Скопска Црна Гора (ФОТО)

Детали за пожарот кај Скопска Црна Гора (ФОТО)

Пожарот на Скопска Црна Гора што избувна денеска околу 13 часот се уште е активен. Гори ниска мешана шума на околу 1.400 метри надморска височина. Поради силен ветер пожарот се шири од кумановска кон скопска страна и вечерва е видлив од Скопје.

Противпожарните екипи се на терен, а во текот на денот беше интервенирано и со авиони.

Командант на противпожарна бригада на Град Скопје Владимир Симоновски, за МИА изјави дека акцијата продолжува утре со авијација, бидејќи авионите немаат опрема за ноќно летање.

-Пожарот е активен денеска од 13:15 часот на делот на кумановска страна и сега има ветер што го носи накај Скопје. Гореше ниска мешана шума на околу 1.400 метри надморска височина. Има дежурни екипи во координација со екипи на општина Гази Баба на страна на селата Раштак и Арачиново и се прати пожарот да не дојде до населено место. Авионите беа на располагање до 17:40 часот, изјави за МИА Симоновски.

Пожарот избувна на местото Црн камен, на потегот Липково, Скопска Црна Гора и селото Матејче.

ФОТО: КУРИР

Најнови вести

Локални избори 2021