понеделник, 1. јуни 2020. Вести денес: 13
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

Детали за новозаболените лица од коронавирусот во Прилеп

Детали за новозаболените лица од коронавирусот во Прилеп

Со денешните нови два случаи на потврдени заболени лица со Ковид-19, во Прилеп вкупно се осум заразени лица. Како што информираат од прилепскио Центар за јавно здравје станува збор за маж и жена на возраст од 73 и 74 години. И двајцата биле во контакт со првите два потврдени случаи на корна вирус. Сместени се на Инфективното одделение во прилепската градска болница „Борка Талески“.

– Во моментов се прават епидемиолошки анкети и се ставаат под здравствен надзор сите нивни контакти. Исто така ќе бидат земени брисеви од сите нивни блиски контакти, изјави директорката на Центарот, Драгица Николоска.

Имено, првите два случаи на заболени во Прилеп се сопружници на над 60-годишна возраст. Вчера евидентираните четири заболен лица се: едно дете на девет годишна возраст, две жени на 35 и маж на 36-годишна возраст.

Коронавирус