петок, 30. октомври 2020. Вести денес: 146
home Вести

ДЕТАЛИ: Ова се причините за смртта на младиот 31- годишен пациент од Македонија

ДЕТАЛИ: Ова се причините за смртта на младиот 31- годишен пациент од Македонија

Моите созданија за пациентот на возраст од 31 година која починал е дека прекумерната тежина е една од причините за смртта, лошата клиничка слика и на некој начин распадот на белите дробови е причината за смртта кај него. Ова на денешната конференција го посочи Министерот Филипче.

Министерот за здравство Венко Филипче одговарајќи на новинарско прашање даде детали за тоа каква била клиничката слика на 31-годишниот пациент кој изутрината починал како последица на вирусот Ковид-19.

-Еден ризик фактор е обезноста која што тој ја имал. Но, клиничката слика која што ја покажал и начинот на влошување на клиничката слика е практично најтешката форма на влошување која што е опишана во литературата. Со нагло влошување, со нагло паѓање на сатурацијата, односно врзувањето на кислородот во текот на вчерашниот ден. Веднаш поставен на респираторна машина, меѓутоа, клиничката слика беше со внатрешно крварење и на некој начин распад на белите дробови, појасни Филипче.

Коронавирус