недела, 9. мај 2021. Вести денес: 134
home Вести

Детали од записникот на Боки 13: Поради страв за мојот живот инсистирам строго доверливите информации да му ги кажам само на Јовески

Детали од записникот на Боки 13: Поради страв за мојот живот инсистирам строго доверливите информации да му ги кажам само на Јовески

Бојан Јовановски, кој пред неколку дена беше осуден на 9 години затвор, како обвинет во случајот „Рекет“, поднел барање до Кривичниот суд, на 25 јуни да му дозволат да оди до Основното јавно обвинителство Скопје за да поднесе кривични пријави на записник, пишува Фокус.

Боки 13 во неколку наврати бараше средба со републичкиот јавен обвинител, Љубомир Јовески, но средбата не се реализираше. Обвинителот Јовески во разговор за „Фокус“ потенцираше дека во притвор бил испратен обвинител од Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, кој се сретнал со Јовановски, но тој не сакал да зборува со него.

Адвокатот на Боки 13, Сашко Дукоски, вели дека и тој бил на средбата, и точно е дека Јовановски одбивал да зборува, бидејќи наместо Јовески, дошла обвинителката Гордана Смаќоска, на која шефица и е Вилма Русковска, па поради тоа, како што вели, Боки немал доверба ниту во една од нив.

Фокус“ дојде до записникот од средбата која се одржала во истражниот затвор „Скопје“, на 24 февруари.

-Прво би сакал да изјавам пред вас дека сум затечен за оваа за мене новонастаната изненадувачка состојба поради што не бев информиран, ниту пак имав благовремено добиено сознание преку мојот бранител, ниту пак од судот, дека на овој начин и во овој термин ќе треба да ги изнесам сите мои аргументи и строго доверливи информации за повеќе лица во врска со кривичните пријави кои имам намера да ги поднесам, истакнал Јовановски, кој додава дека барал средба исклучиво со републичкиот обвинител Јовески, а поради довреливите информации кои ги поседувал.

Целиот текст може да го прочитате во ФОКУС.

Коронавирус