сабота, 22. февруари 2020. Вести денес: 54
home Вести

Детали од МВР за евакуацијата во средното уметничко, пронајдена рачна бомба

Детали од МВР за евакуацијата во средното уметничко, пронајдена рачна бомба
МИА

Направа што наликува на рачна бомба е пронајдена изутринава покрај автомобил на паркинг-просторот во близна на Средното уметничко училиште „Лазар Личеновски“ во Скопје, поради што се евакуирани сите присутни во објектот.

МВР потврди дека во 08:36 часот во ЕИК-Скопје е пријавено дека на улица „Митрополит Теодосиј Гологанов“ на паркинг-простор има направа што наликува на рачна бомба оставена до автомобил.

Полициски службеници излегле на местото на настанот и работат на расчистување на случајот.

Од МВР велат дека се уште се утврдува дали станува збор за школска или вистинска бомба.

Во инцидентот нема повредени, а на учениците и наставниците им е забранет пристап до училишната зграда.