понеделник, 16. декември 2019. Вести денес: 47
home Вести

Детали од лидерската: Заев се борел да не одговара за „Рекет“ и да ги спаси бизнисите на брат му Вице

Детали од лидерската: Заев се борел да не одговара за „Рекет“ и да ги спаси бизнисите на брат му Вице

Долгочасовната лидерска средба која се одржа синоќа заврши без договор. Како што дознаваме, Зоран Заев за време на средбата се борел новиот дел од обвинителството да не ги гони случаите „Рекет“, поткуп на Вартоломеј, како и случајот за тендерите на генералниот секретар на Владата, Драги Рашкоски.

Извори од одржаната средба говорат дека премиерот бил најмногу нервозен кога на масата се отворала темата за скандалозниот „Рекет“ во кој има сериозни индиции дека се вмешани луѓе од врвот на СДСМ и Власта. Информациите до кои дојдовме говорат дека Заев директно инсистирал тој случај да го води Вилма Рускоска, која пак, ја предлагаше на шефица на оделот за кој вчера се преговараше.

Заев бил загрижен и за скандалите поврзани со неговиот брат Вице и евентуалната правна разрешница за истите. Во еден момент, како што дознаваме, Заев нервозно рекол на средбата дека нема да дозволи да бидат отворени случаи против него и дека бара тој да има контрола врз првиот човек на новиот оддел.

Евидентно било дека премиерот најмногу се плашел од одмотувањето на клопчето за „Рекет“ кое стигнува точно до него, до Зоран Заев.

Извори од лидерската средба велат дека Заев не попуштал во позиициите и грчевито се борел да го задржи влијанието врз Обвинителството. Неговиот предлог бил формирање на две обвинителства.

Едното би било обвинителство за гонење висока корупција со шеф на предлог на ВМРО-ДПМНЕ, опозицијата. Второто Обвинителството за гонење на организиран криминал останува. Во новото обвинителство, било предложено, да влезат сите обвинители од СЈО. Предлогот на Заев значи и тоа дека ова ново обвинителство би требало да почне да функционира по парламентарните избори, а тоа значи дека случајот „Рекет“ останува во надлежност на Вилма Русковска од Обвинителството за гонење на организиран криминал.