петок, 18. октомври 2019. Вести денес: 107
home Вести

Деспотовски: Вештачки зголемување на стандардот на граѓаните е лошо за сите, а најмногу за државата, Буџетот за наредната година ќе биде помал или нема да се оствари

Деспотовски: Вештачки зголемување на стандардот на граѓаните е лошо за сите, а најмногу за државата, Буџетот за наредната година ќе биде помал или нема да се оствари

Пратеникот Благој Деспотовски денес на седницата на Собранието на Република Македонија посочи дека поради неработата и неспособноста на оваа влада сега се врши ребаланс на буџетот, но тоа ќе донесе дополнителни потешкотии за државата и граѓаните на Република Македонија.

Повеќето министри не си ја завршиле својата работа затоа што не ги подготвиле проектите, не спровеле тендери, не се работи на терен и затоа мора да се прави ребаланс на буџетот. И сега било што да направите со овие пари што се кратат од образование и капитални инвестиции е полошо отколку да се спровеле тие работи.

Деспотовски потсети како владата го фалеше буџетот што го донесе за оваа година, дека ќе има поголеми инвестиции, ќе има економски бум итн. Но сега забележуваме дека не се спровел тој буџет во најважните работи.

Ако немаме подобро образование, и ако капиталните инвестиции се на толку ниско ниво на ¼ од предвиденото, што да очекуваме за наредната година, запраша Деспотовски.

Деспотовски потсети дека за кратко време ќе дојде и изготвениот буџет за наредната година, но што ли ќе пишува во него.

Лани не направивме доволно, т.е. направивме ¼ од тоа што го ветивме, а годинава ќе направиме дупло. И тоа дупло од ¼ е само ½ .Значи според ова ние не се движиме нанапред. Нема зголемување на животниот стандард на граѓаните на Република Македонија. И СБ ни укажува дека вештачки зголемување на стандардот на граѓаните е лошо за сите, а најмногу за државата, затоа што Буџетот наредната година ќе биде помал или нема да се оствари. Затоа што ќе ги нема ефектите што се очекуваа од најважните сектори, а тоа е капиталните инвестиции да се спроведат, да имаме подобро образование, подобро здравство, да имаме поголема продуктивност во стопанството. Значи најважната работа е да имаме поголема продуктивност, да имаме нови инвестиции, како домашни така и странски, додаде Деспотовски.

Деспотовски истакна дека оваа Влада ги прекина сите овие работи. Ако застанете воз на шини на угорница, тој не може да стои ни во место, ќе се враќа наназад. А, за да тргне нанапред треба многу поголема енергија од онаа која ја има во момент кога се движи. Сите работи се успорени, сите факти укажуваат на тоа дека наредната година ќе имаме послаби ефекти.