сабота, 5. декември 2020. Вести денес: 0
home Вести

Деспотовски: Со буџетот не треба да се ветува новогодишни поклони за граѓаните, туку треба да направиме вистински економски раст

Деспотовски: Со буџетот не треба да се ветува новогодишни поклони за граѓаните, туку треба да направиме вистински економски раст

На денешната собраниска седница за буџетот, пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Благоја Деспотовски укажа дека е потребно да објасни некои работи затоа што гледам дека пратениците од СДСМ не ги разбираат добро или не знаат како народот го разбира сето ова кога ја слуша расправата за буџетот и сите ветувања кои ги има во буџетот.

-Овој буџет е фокусиран на инвестициите во човечкиот капитал но, супер би било да е така. Но, знаете како се вложува во човечкиот капитал? Да обезбедиме подобри услови за учење, подобри професори, поедуцирани наставници односно треба да вложиме се што е во насока на образованието, а оние кои веќе се во образованиот систем на повисоко ниво да им ги подобриме условите. Јас сметам дека треба да се инвестира најмногу пари во образованието, истакна пратеникот Деспотовски.

Имено на денешната собраниска седница за буџетот тој го посочи и следново:

-Овој буџет ми изгледа како новогодишна елка. На новогодишната елка ставивте едно пакетче за пензионери од 700 денари, едно пакетче за некои други 2 000 денари и елката се растура некаде во јануари, треба да ја растурите, ќе се изедат пакетчињата и толку. Дали ние треба со буџетот да ветуваме новогодишни поклони на луѓето заради изборите или треба да направиме со буџетот вистински економски раст. Економски раст се остварува со многу работа, со многу памет, со многу мисли и остварување на сите оние препораки и од ММФ и од Светска Банка. Не може да остварувате економски раст ако инвестициите се намалуваат. Ние имаме фиктивни инвестиции во Република Македонија, суштински немаме затоа што не видовме поголема компанија и камо да видевме некоја компанија со голема 1000 вработени како што ги гледавме во претходниот период во кој имаше странски инвестиции.

Пратеникот Деспотовски во своето обраќање потсети и дека СДСМ имаат министер за транспорт и врски кој три години ја барал трасата од Кичево до Охрид

-Од Кичево до Охрид пеш можеш да се стаса за три саати, да поминеш, да ја најдеш трасата, да видиш што фали и како фали и да го направиш патот, додаде Деспотовски.

Коронавирус