сабота, 14. декември 2019. Вести денес: 0
home Вести

Деспотовски: Пензионерите прв пат за време на ВМРО-ДПМНЕ добија нешто што заслужиле

Деспотовски: Пензионерите прв пат за време на ВМРО-ДПМНЕ добија нешто што заслужиле

За изгубена битка да кажете дека сте ја добиле, тоа е катастрофа за еден генерал. Ќе образложам зошто. Се што прочитавте и кажавте, тоа е теоретски така и сите ваши функционери на државно и локално ниво треба да го знаат после да се извршува функција, реплицираше пратеникот Благоја Деспотовски од ВМРО-ДПМНЕ на пратеникот Илија Николовски од Партијата на обединети пензионери и граѓани на Македонија. Николовски инаку посочи дека во време на ВМРО-ДПМНЕ пензионерите немале никакви права, уште помалку бенефиции.

-Се прашувам дали живееме во иста држава. Барем мене тие што ме сретнале се незадоволни, ми велат одиме во погрешна насока. Меѓу нив има и од СДСМ и неопределени, рече Деспотовски.

Според него пензионерите за прв пат се почувствувале дека добиле нешто што заслужуваат за време на владата на ВМРО-ДПМНЕ.

-Дури и за пензионерите рековте сега им било подобро од порано. Претходно прв пат видоа бања, прв пат се почуствува дека добиле нешто што заслужиле. И не е во ред тоа да го извртувате, укажа Деспотовски.