вторник, 1. декември 2020. Вести денес: 199
home Вести

Деспотовски до СДСМ: Со оваа ваша неработа 30 километри од автопатот Охрид ќе ги сработите за 75 години

Деспотовски до СДСМ: Со оваа ваша неработа 30 километри од автопатот Охрид ќе ги сработите за 75 години

Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Благоја Деспотовски денес на собраниска седница посочи дека поради неработата и неспособноста на оваа власт граѓаните гинат по патишта. Власта не презема ништо ова да не е секојдневие во Република Македонија.

За еден километар автопат ви треба две ипол години. Автопатот кон Охрид има 57 километри, да речеме дека е направен половина, а не е, 30 километри ви остануваат. По две ипол години значи 75 години ќе треба да се изгради, да се догради овој пат, заклучи Деспотовски.

Деспотовски додаде дека 75 години ќе е потребно на СДСМ вака како што почнале. За жал тоа се факти.

Друг факт за локалниот пат за Крушино и Кнежино по кој секој ден поминуваат стотици наши сограѓани, претежно деца спортисти што одат во Крушино и Кнежино да трчаат да спортуваат. И знаете што прават тие? Значи подобро е да објавите дека во Кичево можат да дојдат сите љубители на екстремни спортови. Значи не знаеш во кој момент ќе се сруши патот затоа што свлечиштето некаде по вертикала 100-тина и повеќе метри. И секој ден се руши по малку. Не знаеме кога само одеднаш ќе паднат над 20-30.000 кубици земја. Значи поекстремен спорт е да поминеш по овој локален пат за Крушино и Кнежино отколку да појдеш во Крушево и со параглајдер да се возиш, појасни Деспотовски.

Деспотовски надополни дека децата од овие населени места сакаат да се возат безбедно, не сакаат своите животи да ги ризикуваат поради неспособноста на оваа власт. И овие деца имаат право безбедно да се возат по овие локални патишта.

Минатиот пат кога ви зборував, кажав дека имаше 87 сообраќајни незгоди со тешки последични последици во кои има и десетици загинати, и стотици тешко повредени луѓе. А, сега тој број се зголеми на 107. Можеби и повеќе денеска ако се случила уште некоја друга сообраќајна незгода. Ќе повторам уште еднаш во Македонија човечкиот живот стана најевтин за жал. Тоа е најлошото. Овие работи не смееме да дозволиме да не ги решиме. Средете ги овие работи, бидејќи ако не ќе бидете одговорни за се ова што се случува, замоли Деспотовски.

Коронавирус