Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Благоја Деспотовски зборуваше за воздухот во државата и врз основа на тоа што го кажа заменик министерот за екологија и животна средина, Јани Макрадули дека државата има план за чист воздух и дека ваков план имаат многу држави во ЕУ.
Деспотоски побара прецизни одговори од Макрадули за следните прашања:
1.Дали планот за живот важи и за Кичево?
2. Зошто доколку важи и за Кичево, аерозагадувањето е зголемено за 50%?
3.Колку шуми, колку илјади хектари шума се исечени во Кичево?
-Јас секогаш сум на страната на народот, кои ги сече шумите и зошто? Каде во ЕУ се сечат олку шуми и до кога ова ќе трае. Не повикувавте да работиме заеднички, знаете како се работи заеднички? Заеднички се работи ако вие копате, јас со лопата да ринам, тоа е заеднички, а не додека ние копавме, работевме, правевме нешто вие фарбавте, тепавте. Не може заеднички како ќе работиме заеднички, истакна Деспотоски.
Пратеникот во своето обраќање го укажа следното:
-Го спомнавте Коце Трајановски, градоначалникот на Скопје во негативна конотација замислете во време кога на град Скопје градоначалник е Петре Шилегов и сега кажете ми како можат да работат Петре Шилегов и Коце Tрајановски затоа што знам Коце Трајановски колку се трудеше, колку проекти направи, што се среди во градот Скопје и не чинеше. И сега требало да работи со Петре Шилегов заедно. Кај е Петре Шилегов сега што прави сега?