четврток, 16. септември 2021. Вести денес: 113
home Вести

Деспотоски: Сакаме во ЕУ и НАТО, а во 21 век власта остава неколку стотина деца од Другово да газат по фекалии

Деспотоски: Сакаме во ЕУ и НАТО, а во 21 век власта остава неколку стотина деца од Другово да газат по фекалии

Мене ми е жал што во 21 век зборувам за канализација во Другово. Се трудиме да одиме кон ЕУ и НАТО, а 5000 луѓе немаат канализација и не знам како ќе го поминеме тој пат до ЕУ и НАТО, изјави пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Благоја Деспотоски на собраниската комисија за финансирање и буџет откако министерот Тевдовски го одби амандманот за доизградба на канализација во ова населено место.

– Се работи за 5.000 жители кои живеат во фекалии, каде има неколку стотини ученици кои одат на училиште по фекалии затоа што во Другово, не е изградена примарната фекална канализација. На тие луѓе нема кој да им помогне и се оставени сами на себе. Се работи за 8 милиони денари за доизградба на канализацијата, рече Деспотоски.

После одбивањето на амандманот, Деспотоски се обрати кон министерот Тевдовски дека граѓаните на Другово се доста револтирани за овој проблем и ќе запаметат кој во 21 век ги остава без канализација и основни услови за живот.

Коронавирус